Над 62 отсто од наставниците се вакцинирани

Над 62 отсто од наставниците се вакцинирани, информираше денеска министерката за образование Мила Царовска.

Рече дека образовниот систем е подготвен за учебната година од 1 септември да започне со физичко присуство. Поголемите училишта кои имаат голем број на ученици ќе мора да направат распореди за влез и за повеќесменско работење за да не се прават гужви.

-Ќе си направат распоред, стои тоа во протоколите. Распоред на влегување во првиот период, во вториот период, секаде кадешто има предметна настава, тие ќе треба да влезат во еден период, другите може да се распоредат заради тоа што имаат по еден наставник кој ги опслужува тие училници. Сметам дека сите училишта имаат директори со доволно искуство и наставници и тимови коишто го поминаа ова. Ова ќе има биде трета година како се справуваат со овие предизвици, ќе имаат поддршка од МОН и од Министерството за здравство и сите заеднички како минатата, така и оваа година ќе ја спроведеме успешно. Со тоа што очекувам, бидејќи оваа ќе биде со физичко присуство, да биде уште поуспешно, рече Царовска.

Сепак посочи дека протоколите мора да се почитуваат за учебната година да биде успешна. Царовска повторно апелираше сите да се вакцинираат, но не кажа дали ќе се бара од родителите на учениците да бидат вакцинирани за нивното дете да оди во училиште со физичко присуство.

 

17.08.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега