Наумоски и Шахпаска на увид во градежните работи во градинката во Волково

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска извршија увид во градежните работи во градинката во Волково. Изградбата на овој објект влегува во завршна фаза. Визуелно, градинката е со кружен атриум, енергетски ефикасна со модерен систем за загревање и ладење, хоризонтална и вертикална пристапност со надворешен лифт.

-Нашите заложби за проширување на капацитетите на градинките ја доживуваат својата завршница. Пред година и половина од Волково ја стартувавме приказната за изградба на нов објект на градинката „Росица“. Многу посветено и со силна поддршка од централната власт сега може да констатираме дека оваа кружна градинка е во завршна фаза. Овој објект кој очекувам за брзо време да биде пуштен во употреба ќе ги отвори вратите за најмалку 175 деца – рече Наумоски.

Со пуштањето во употреба на градинката, додаде, етапно го решаваме еден од најголемите проблеми – недостигот на просторни услови во градинките. Паралелно, истакна, со ресорното Министерство работевме на проширување на објектот „Детелинка“ со 3 нови занимални. Градежните работи во овој објект со капацитет за 90 деца, информираше Наумоски се во завршна фаза.

-Заедно со мојот тим посветено ги решаваме работите во делот на социјалната инфраструктура преку изградба на два нови објекти – еден во Ново Село и друга градинка во Дексион. Секое згрижено дете е успех за сите – додаде Наумоски.

Градоначалникот ја искористи можноста да упати извинување до родителите кои заради пандемијата, мерките и протоколите кои се на сила не успеаа да ги запишат своите деца во  градинка. Сведоци сме, рече Шахпаска на еден импозантен објект и оргинално архитектонско решение.

-Проектот чини 87 милиони денари за изградба, а дополнителни 6,3 милиони денари за опрема во внатрешноста – информираше министерката. МТСП во соработка со Светска банка работи на проект за подобрување на социјалните услуги. Дел од овој проект претставува изградбата на 16 градинки.

30.09.2021 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега