НБ: Солидна кредитната поддршка во првото полугодие, задржани поволните каматни стапки

Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од еден отсто и годишен раст од 10 отсто, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка, соопшти денеска централната банка.

Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжил да забрзува и достигнал 12,4 отсто на годишна основа, со што, како што оценува Народната банка, се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7 отсто бележат и кредитите одобрени на домаќинствата.

Во овој период се задржани и поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43 проценти, додека за домаќинствата 5,06 проценти.

Според централната банка, раст бележи и депозитниот потенцијал на банките. Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4 проценти во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8 отсто зголемено на годишна основаПритоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна еден отсто на месечна основа, односно 5,2 отсто на годишна основа.

21.07.2022 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега