Неделков: Не сме ги прифатиле понудените 12%, продолжуваат преговорите

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков кажа дека продолжуваат преговорите со Министерството за образование и наука.

„Тоа што продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12%. Ние ништо не сме прифатиле. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти“, вели Неделков.

Неделков кажа дека ќе бараат и континуирано зголемување на платите за 2023 и 2024 година.

29.04.2022 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега