Нефи Усеини и брат му остануваат во притвор, предметот е вратен во Охрид

Апелацискиот суд во Битола го поништил решението на охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра на Нефи Усеини и брат му за да се бранат од слобода. Советникот од ДУИ во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор, објави МКД.мк

Решението со кое беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид, информираат од битолскиот Апелациски суд.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. 

Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол. Во меѓувреме Топалоски сосема го менува исказот и вели дека не бил нападнат од браќата Усеини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега