Некаде сонце, некаде дожд: УХМР со информации какво време не очекува

Времето денеска ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

Следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 07:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега