Невремето откорна дрвја и попречи патишта во Кривопаланечко

Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд што попладнево го зафати кривопаланечкиот крај предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и на магистералниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.
 
Благодарение на одличната соработка и координација на локалната самоуправа, Територијалната противпожарна единица, екипите на Македонија пат и јавното претпријатие “Комуналец”, паднатите дрвја експедитивно се отстранети.

 

-Невремето предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци, на новиот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски и на магистералниот пат А2 на неколку места, но навремената реакција на итните служби и јавните претпријатија од општината придонесоа за брза санација на штетите од невремето, кое беше со силен интензитет, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој беше дел од акцијата и активно учествуваше во расчистувањето и отстранување на настаните штети.
25.06.2022 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега