Николовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, наша татковина - заштитник на нашиот идентитет

 Македонскиот јазик е корен на нашето постоење, заштитник на нашиот идентитет и влог во иднината, напиша вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски на својот фејсбук-профил по повод Денот на македонскиот јазик.

Николовски порачува дека наша одговорност е да го чуваме македонскиот јазик , да го негуваме и да го унапредуваме за достојно да го предадеме на генерациите по нас.

-Македонскиот јазик е нашиот дом, наша татковина. Заштитник на нашиот идентитет и влог во иднината, корен на нашето постоење. Пред две години, Владата на Република Северна Македонија одлучи 5 мај да го востанови за Ден на македонскиот јазик, ден на неговата раскош и убавина. Наша одговорност е да го чуваме, да го негуваме и унапредуваме за достојно да го предадеме на генерациите по нас. Да го славиме нашиот јазик денес и години в иднина. Честит Ден на македонскиот јазик!, наведува Николовски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега