УЕФА: Албанците не сакале да играат - 3:0 службено за Србија

Србија ќе одговара по пет точки, додека Албанија по две точки. Ова е ставот на УЕФА по синоќешните нереди во Белград и прекин на мечот меѓу Србија и Албанија во 40-тата минута.

Според дисциплинската постапка која ја покрена УЕФА,  Србија ќе одговара по пет точки, односно за палење и фрлање пиротехника, немири на трибините, влез на навивачите на терен, лоша организација и користење ласерски поинтери.

Српските медиуми пренесуваат дека најтешкиот прекршок секако е влезот на навивачите на теренот.

За разлика од Србите, Албанците ќе одговараат за две точки, односно за одбивање да го продолжат мечот и истакнување забранети пароли со политичка конотација.

Со ваквиот став, европската куќа на фудбалот официјално потврдува дека Албанците одбиле да го продолжат мечот, што пак согласно дисциплинскиот правилник носи службен триумф за противничкиот тим.

Конечната одукка УЕФА ќе ја донесе по состанокот закажан за 23 октомври.

 

 

15.10.2014 - 22:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега