ВИДЕО: Инцидент вечерва и на мечот на КК Куманово во Косово - претераа ли Албанците со полтиката во спортот?

Скандалозното пропагирање за „Голема Албанија“ од фудбалскиот стадион во Белград се префрли денеска на Косово, во салата во Пеќ, каде домашниот тим Пеја во рамките на БИБЛ – лигата го пречека македонскиот претставник Куманово, пишува Екипа.

Според поратлот кошаркарите на Куманово дојдоа да играат кошарка, а мораа да истрпат притисок од трибините, кок го вршеле домашните фанови со пропагирање на нивните политички идеали. Очигледно дека политиката и премногу почна да се меша во спортот.

Кумановци го загубија натпреварот против Пеја по продолжение, со 89-88, а домашниот тим победничките поени ги постигна во последниот напад. Единствена среќа е што по поразот не се случиле и поголеми инциденти.

 
15.10.2014 - 23:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега