Комити ќе шетаат по скопските улици пред мечот со Шкендија

Навивачите на Вардар, Комити утре ќе дефилираат по скопските улици. Дефилето е веќе традиција кога станува збор за ден пред важни натпревари како што е оној во среда кога во Купот, најтрофејниот клуб ја прчекува Шкендија во Скопје, по поразот од 2:1 во Тетово.
Комити најавуваат дека „патролата“ ќе тргне од паркот со авионото во Ново Лисиче во 19 часот и преку повеќе скопски населби ќе заврши кај Скопје Сити Мол.
Ќе се вози со автомобили, велосипеди, мотори. Целта, како што велат од Комити еда се разбуди градот пред важниот меч и да се повикаат скопјани да дојдат на натпреварот кој е многу важен за Вардар оваа сезона.
На црвено-црните им е доволно и 1:0 за да се пласираат во следната фаза.

20.10.2014 - 22:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега