Шумахер ќе закрепне за три години

Францускиот доктор Жан-Франсоа Пајен кој го лечеше Михаел Шумахер по несреќниот пад на скијање, изјави дека Германецот веќе не е во кома и дека неговото закрепнување ќе трае три години.

Пајен прогнозата за рехабилитацијата на поранешниот светски шампион во Формула 1, ја даде по посетата во куќата на Шумахер која се наоѓа во местото Гленд во близина на Женевското езеро во Швајцарија.

- Животот по повреда на главата е одбележан во фази. Се надеваме на добро и мора да му дадеме време да закрепне, рече докторот кој прв по несреќата му помогна на седумкратниот Ф1 шампион.

Шумахер повредата на главата ја доби во декември минатата година. На домашно лечење се наоѓа од 9 септември. 

23.10.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега