Хрватскиот боксер што нокаутираше судија доби доживотна суспензија

Меѓународната аматерска боксерска федерација (АИБА) доживотно го суспендира хрватскиот боксер Видо Лончар.

- АИБА има нула толеранција за вакво однесување, изјави претседателот на таа организација Чинг-Куо Ву.

Лончар во понеделникот на Европското првенство во Загреб го нокаутира судијата кој трипати му броеше на Хрватот и во втората рунда го прекина мечот доделувајќи ја победата на Литванецот Алгирдас Банулис.

Младиот хрватски боксер со неколку удари на судијата му нанесе тешки телесни повреди и поради тоа заврши во притвор, а експресна доживотна суспензија доби и од Хрватскиот боксерски сојуз.

23.10.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега