Денеска УЕФА носи одлука: Албанија губи службено - Србија плаќа парична казна

Србија ќе го добие службено со 3:0 прекинатиот меч со Албанија но ќе биде казнета се еден меч пред празни трибини и парична казна од 100.000 до 300.000 франци. Ваква одлука се очекува да биде донесена по денешниот состанок на дисциплинската комисија на УЕФА во Нион, јавуваат српски медиуми повикувајќи се на доброупатени извори.
Според информациите, речи си не е возможно да се одигра нов натпревар меѓу Србија и Албанија бидејќи тоа ќе значи лош публицитет за европскиот фубал, одноно сите би зборувале за можен нов инцидент, а големи се шансите тој и да се случи.

„Единствена опција е 3:0 за Србија, но за српскиот фудбалски сојуз да не излезе победник, ќе мора да биде казнет на други полиња, пред се со затворање на трибините на аредните мечеви и висока парична казна“ - вели изворот на српски Курир од УЕФА.

Тој додава дека не се исклучува одлуката да не биде соопштена денеска поради обемната документација која се расгледува. доколку тоа се случи истиот извор вели дека се зголемува можноста за влијание на лоби групите, кои се единствен адут за албанската страна.

Албанците се очекува да добијат парична казна до 150.000 франци поради политички провокации.

23.10.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега