Пандев од јануари во Сампдорија

Голема е веројатноста дека поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев само шест месеци ќе го носи дресот на турскиот гигант Галатсарај. Откако пред три дена, остро беше нападнат од турските медиуми поради очајната игра на натпреварот од Лигата на шампиони, се почести се шпекулациите за прекин на соработката и за кам-бек во италијанската Серија А.  Фудбалските медиуми на Апенините се убедени дека Пандев повторно ќе се врати во Серија А, но сега ќе го облече дресот на најпријатното изненадување во актуелната сезона, тимот на Сампдорија. Калчолигашот од Џенова е моментално третопласиран на првенствената табела, без ниту еден пораз во првите седум кола од новата сезона, а најголем иницијатор за најавениот трансфер на Пандев е актуелниот предводник на Сампдорија, српскиот стручњак, Синиша Михајловиќ.

24.10.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега