Нова победа на Вардар во СЕХА лигата

Шампионот на СЕХА лигата Вардар ја постигна и седмата победа во ова натпреварување откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победи словачкиот тим Татран Прешов со 32:26 (18:12).
 
„Црвено-црните“ одлично го почнаа натпреварот и по осум минути игра водеа со 5:0. Оваа предност Вардар ја зголемуваше и највисокото водство го имаше во 40. минута кога водеше со 25:16.
 
Со 10 голови Тимур Дибиров беше најефикасен на натпреварот, по 4 голови постигнаа Немања Прибак и Стефан Терзиќ, а голманот на Вардар Арпад Штербик имаше 15 одбрани.
 
Со оваа победа Вардар се изедначи со Веспрем на врвот на табелата и двата тима имаат по 21 бод. Татран Прешов остана со 12, колку што има и Мешков Брест. ППД Загреб и Металург имаат по 9 бодови, а потоа следуваат Раднички и Борац со по 4, Нексе има 3, а Војводина 2.
 
Вториот македонски тим во СЕХА лигата Металург утре од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ е домаќин на Борац од Бања Лука.
25.10.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега