Шок во фудбалскиот свет: Убиен познат светски голман

Голманот на фудбалската репрезентација на Јужна Африка и капитен на Орландо Пајратс Сензо Мејива е убиен во неделата. Полицијата не соопштува повеќе детали, единствено објави дека во голманот било пукано од огнено оружје.

juzna-afrika-golman-624x355

Според очевидци, Мејива бил во куќата на својата девојка, поп-пејачката Кели Кумало, кога во куќата упаднале седум лица и потоа се слушнале истрели од огнено оружје.

Мејива веднаш бил префрлен во најблиската болница, каде што лекарите само ја констратирале смртта на 27-годишниот голман.

27.10.2014 - 00:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега