Шок во светот на фудбалот: Почина репрезентативец на Шведска

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Шведска Клас Ингесон починал на 46 годишна возраст после долга и тешка болест.

Како што соопшти Елсфборг, клуб во кој Ингесон работел како тренер на млада категорија, неизлечивата болест му била дијагностицирана во 2009-та додека неговата здравстена состојба се влошила кон почетокот на годинава.

За репрезентацијата на Шведска одиграл 57 натпревари и со националниот тим учествувал на две Светски првенства во 1990 и 1994 година.

 

Беше дел од генерацијата која на Мундијалот во САД го овои третото место со победа над Бугарија од 4:0. Во својата кариера има настапувано за Гетеборг, Мехелен, ПСВ, Шефилд, Бари, Болоња, Лече и Марсеј.

29.10.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега