Екс кошаркар на Аталанта осуден за убиство

Поранешниот кошаркар на Атланта Муки Блејлок, се изјасни за виновен за убиство на Моника Марфи, мајка на 5 деца. 

Тоа го сторил на 31 мај во 2013 година, управувајќи со автомобил, пренесуваат американските медиуми.

Поради признавањето на вината, судот во Атланта на Блејлок му ја ублажи казната, па така наместо седум години затвор и осум на условна слобода, некогашниот истакнат НБА кошаркар зад решетките ќе мине три години.

Преостанатиот дел од казната ќе ја одработи преку општествено корисна работа во траење од 1500 часа.

Исто така, ќе има и обврска да започне со третман за одвикнување од алкохолизам кој вклучува и состаноци со „анонимни алкохоличари“.

Во моментот кога со автомобилот ја удрил и усмртил несреќната жена бил под дејство на алкохол.

Исто така, Бејлок има забрана за управување со возило се до истекот на условната казна.

01.11.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега