Розберг на челното место на Гранд прито на САД

Германецот Нико Розберг ќе ја има првата позиција на стартот на вечерашната трка во Остин, каде ќе се вози Гранд прито на САД, во рамки од Формула 1 шампионатот.

Возачот на Мерцедес, Розберг до својата деветта пол-позиција сезонава, стигна на синоќешните квалификации остварувајќи најдобро време, во пресрет на 17-тата трка во Формула 1 првенството.

Веднаш зад него во првиот стартен ред ќе биде неговиот клупски колега и ривал за шампионскиот трофеј Луис Хамилтон.

Зад болидите на Мерцедес трката ќе ја започнат, возачите на Вилијамс, Валтери Ботас и Филипе Маса, додека од третиот ред ќе стартуваат Даниел Рикардо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Ферари.

На три трки до крајот на шампионатот, во генералниот поредок води Хамилтон со 291 бод, пред клупскиот колега Розберг кој има 17 помалку. По пилотите на Мерцедес тим кој е убедливо водечки и во генералниот поредок во конкуренција на конструктори, на третото место кај возачите е Австралиецот Дание Рикардо од Ред Бул кој има 199 бодови.

02.11.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега