Борко Ристовски ја спаси Македонија

Благодарение на фантастичниот Борко Ристовски ракометна репрезентација на Македонија остана непоразена по дуелот со Чешка, во квалификациите за Европското првенство 2016 година што ќе се одржи во Полска.

На натпреварот од 2.коло во шестата квалификациска група, Чешка и Македонија одиграа нерешено 27:27 полувреме 18:11.
 
По лошото прво полувреме, во кое избраниците на селекторот Обрван во два наврати имаа предност од три голови 2:5 и 3:6, а на паузата заминаа со негатива од 7 голови (18:11), во вториот дел сосема поинаква слика на теренот.
 
Чесите го реализираа првиот напат па во 31-минута имаа и највисоки +8 (19:11), но црвено-жолтите предводени од голманот Борко Ристовски не се предадоа, па на осум минути пред крајот успеаја да израмнат резултатниот (25:25). Иако капитенот Кирил Лазаров имаше и две шанси да ни донесе водство, сепак, тоа не се случи па во последната секунда од мечот, спасуваше Ристовски кој со својата 21-ва одбрана и донесе значаен бод на Македонија.
 
Кирил Лазаров најефикасен беше во нашата репрезентација со 10 постигнати голови, додека Филип Миркуловски реализира 5, а Дејан Манасков беше стрелец на 3 гола. 
 
Во вториот натпревар од оваа група, во Базел играат Швајцарија и Франција.
 
Во следните два натпревари македонските ракометари за противници ќе ги имаат актуелните олимписки и европски шампиони Французите. 
 
Табела: Франција 2 бода (-1 натпревар помалку), Македонија 3, Чешка 1 и Швајцарија 0.
02.11.2014 - 20:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега