Прандели го пречкрта Пандев

Македонскиот интернационалец Горан Пандев нема да биде во составот на Галатасарај за утрешното гостување кај Борусија Дортмунд.

Така одлучил тренерот на турскиот тим Чезаре Прандели, а причина се слабите изданија на Македонецот.

Пандев во последните моменти од преодниот рок од Наполи се пресели во Галатасарај заедно со Блерим Џемаили, а навивачите на овој тим имаа големи очекувања од нашиот интернационалец.

Сепак, Пандев не успеа да ги оправда очекувањата, па поради тоа, но и поради одлуката на Прандели да го изостави за мечот со Борусија, македонскиот напаѓач во јануари сигурно заминува од Истанбул, пишува турскиот Еуроспорт.

03.11.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега