ВИДЕО/ФОТО: Албанците се жалат до УЕФА и подготвија невидена снимка како доказ

Фудбалскиот сојуз на Албанија најави дека ќе вложи жалба на казната на УЕФА по повод прекинот на мечот со Србија и дека случајот за одбивање на жалбата е подготвен да се обрати и на Судот за спортска арбитража во Лозана.

Албанците сметаат дека се оштетени со одлуката на УЕФА да биде прекинат мечот и регистриран со 3:0 за Србија тврдејќи дека нивните репрезентативци се физички нападнати од навивачи на Србија и службените лица и обезбедувањето на стадионот Партизан во Белград на 14 октомври.

Казната е неправедна и неразумна со настаните на стадионот. Во моментов чекаме да во наредните 10 до 14 дена да добиеме официјална документација од УЕФА а потоа ќе упатиме и официјална жалба. Неправедно сме казнети и доста разочарани, затоа што УЕФА не сакаше да го земе во предвид насилничкото и расистичко однесување на навивачите на Србија – изјави претседателот на Фудбалскиот Сојуз на Албанија Арманд Дука, за Скај Спорт.

Тој изрази и загриженост поради присуството на теренот на хулиганот Иван Богданов, кој неодамна е пуштен од затвор по отслужувањето на казната поради потикнување на нереди на мечот со Италија – Србија 2010 година во Џенова.

Оваа приказна се повторува. Во Џенова имаше нереди кога играа Италија и Србија а сите знаат што се случи и на мечот меѓу младите репрезентации на Србија и Англија во Крушевац. Богданов е водач на нивните навивачи и тој е одговорен за инцидентите, а слободно се движеше на теренот и УЕФА ја доби таа информација“, вели меѓу останатото Дука.

Тој наведе дека им е соопштено дека за обезбедување на мечот ќе бидат ангажирани 4000 полицајци и 947 редари.

Организацијата на мечот беше целосно погрешна. Ние сакавме да играме фудбал, а почувствуваме омраза на 30.000 луѓе. Се исплашивме за нашите животи“, изјавил Дука.

Дисциплинската комисија на УЕФА регистрирала на 24 окотмври прекин на мачот со службена победа од 3:0 во корист на Србија но истовремено и одземање на трите бода во квалификациите.

Србија наредните два меча како домаќин во квалификациите ќе ги игра без публика, додека двата национални сојузи се казнети и парично со по 100.000 евра.

Мечот меѓу Србија и Албанија е прекинат на 14 октомври пред крајот на првиот дел кога над теренот се појави беспилотно летало, дрон, со знаме на голема Албанија, по што следеа ицнидентите. Мечот беше прекинат при резултат 0:0.

 

Инаки Албанците на англиската телевизија објавија и до сега една невидена снимка од мобилен телефон, а на неа се забележани две лица кои биле таму каде што не смееле и тоа планираат да го приложат како нов доказ а него можете да го погледнете овде:

 

03.11.2014 - 20:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега