Требаше да го носиме во болница - Периќ за пијанството на Милиќ

Голманот на Вардар Страхиња Милиќ јавно го запраша селекторот на Србија Дејан Периќ зошто само тој бил отстранет од репрезентацијата кога целата екипа пиеле таа вечер.

На тоа српскиот селектор му одговори:

„Им дадов слободно време и не зажалив за тоа“ вели Периќ кој потоа додаде:

-Ги ставив на проба да видам дали ќе ја изиграат мојата доверба. Сите беа во кревет до два часот наутро, а Милиќ се појави дури во седум. Тој беше толку пијан што не можам да ви опишам… докторот не знаеше што да прави со него, сериозно размислувавме да го носиме во болница на испирање на желудникот. Не беше во состојба ниту да се потпише, наместо своето име напиша четири шестки. Потоа заспа, а ниту шест часа сон не му беа доволни да се отрезни, изјави српскиот селектор.

Периќ истакна дека Милиќ погрешил што ги обвинил колегите преку медиумите и дека се додека тој е на кормилото на Србија тој никогаш нема да застане меѓу стативите. 

 

04.11.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега