Металурзите не отпатуваа во Хрватска - следи казна од СЕХА

Тимот  на Металург не отпатува во Загреб каде денеска требаше да си ги одмери силите со актуелниот шампион на Хрватска во рамките на СЕХА лигата, пренесува ЕКИПА.

Според ЕКИПА никој од ракометарите не се нашол на авионот кој што утрово во 4 часот наутро требаше да летне за Хрватска. Очигледно не било пронајдено никакво заедничко решение во текот на ноќта за барањата на играчите кон управата за тоа дека клубот мора да ги исполни обврските кои што ги има кон нив.

Ова значи дека Металург сигурно ќе го загуби мечот со службен резултат, а можна е и дополнителна казна од раководството на СЕХА лигата, но позначајно за сите во Македонија е каква ќе биде иднината на македонскиот шампион.

05.11.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега