Проблемот на Металург е што се побунија Македонците

Како бомба одекна веста во регионот, но и во ракометна Европа дека шампионот на Македонија го тресе скандал. 

Играчите на Металург најнапред одбиле да тренираат, а потоа го напуштиле состанокот со претседателот на клубот. Потоа се огласија со соопштение во кое велат дека тренерот Лино Червар е најголем виновник за ситуацијата, а раководството на Металург одговори со соопштение во кое му дава целосна поддршка на хрватскиот стратег.

Репрезентативецот на Србија Мирослав Коциќ ги собрал коферите, побарал раскин на договорот и заминал од Скопје.

-Од првиот час до денеска не сме земале ниту еден денар. Ситуацијата стана прилично напната во последните неколку денови и не можев повеќе да издржам и затоа побарав раскин на договорот, вели Коциќ за српските медиуми и додава дека главен проблем на Меатлург е што се побунија Македонците.

-Сега парите повеќе не се најголем проблем. Сега настана хаос бидејќи се побунија Македонците, а што се однесува до мене јас повеќе не сум дете да играм и да чекам некој да ми плати. Немам нерви за тоа, од доаѓањето во Металург не сум добил ниту денар. Јас не бев во одлично форма, ниту задоволував со моите игри, но ова ги надмина сите граници, вели Коциќ.

Како што изјави српскиот интернационалец, првиот проблем настанал во Брест кога непосредно пред мечот им било соопштено дека со екипата нема да патуваат Дарко Станиќ и Павел Атман. Токму Станиќ прв побара раскин на договорот и замина од Скопје.

06.11.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега