ВИДЕО: Агим Ибраими со гол на вечерта во Лигата на шампиони

Голот на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими доби највеќе гласови во анкетата спроведена на интернет страницата на една од најпознатите телевизиски станици во светот, Скајспортс која се однесуваше за втората вечер од 4.коло во Лигата на шампиони.

Ибраими синоќа со прекрасен гол му донесе водство на Марибор против Челзи. Конечниот резултат на овој дуел беше 1:1.

Вакво признание претходно доби уште еден македонски репрезентативец. Бесарт Ибраими го постигна „голот на вечерта“ на натпреварот Македонија – Луксембург (3:2).

06.11.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега