Неверојатно: Фудбалски меч кој заврши со 53:0 (ФОТО)

Овој неверојатен резултат е забележан на еден меч во рамките од младинските лиги, односно за играчи до 12 години помеѓу Атлетико Азналказар и Паломарес. Конечниот исход предизвика бура во Андалузија.

Имено, гостите мечот го започнаа со двајца играчи помалку, а неколку фудбалери имале помалку од 10 години. Иако тренерот на домашниот тим бил предупреден дека не би требало да го понижува противникот, тој наредил потполна офанзива на своите момчиња.

Како мечот завршил, најдобро се гледа по конечниот резултат.

Епилогот е следен: Паломарес истиот момент се откажа од понатамошно натпреварување во таа лига, додека Фудбалскиот сојуз на Андалузија најави казни за оние кои што се одговорни за ваквиот исход.

-Овој резултат не е нормален и е спротивен на филозофијата на спортот, поради тоа сите одговорни ќе бидат казнети, се наведува во соопштението на ФС на Андалузуј

 

06.11.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега