МЗТ го спаси Работнички: Прекинатото дерби ќе се преигра

Епилогот на прекинатото кошаркарско дерби меѓу Работничики и МЗТ Скопје Аеродром ќе биде познат утре, кога официјално треба да биде донесена одлука од страна на комесарот за натпреварување, Бобан Јосифовски.

Неофицијално, порталот „Дерби“ дознава дека е постигнат џентлменски договор меѓу двете страни натпреварот да се преигра, што е решение кое најмногу конвенира за спас на македонската кошарка. Работнички ова ќе го побара на Вонредна седница на Здружението на прволигаши, а МЗТ Скопје ќе го прифати во знак на спортски фер плеј, бидејќи секоја друга одлука би значела докомпликување на ионака замрсената ситуација со правни толкувања кои не му одат во прилог на спортот. Според член 60, точка 11 од правилникот на МКФ, екипата што ќе напушти натпревар може да биде казнета и со исклучување од лигата, а кошаркарите на Работнички се повлекоа во знак на револт кога судијата Мицевски и делегатот Поповски решија да ја испразнат само трибината со навивачите на клубот од Градски парк.

Седницата на Здружението на прволигаши е закажана за в петок во 13 часот во просториите на МКФ.

06.11.2014 - 21:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега