Петар Мисовски потпиша за Металург

Петар Мисовски е нов голман на Металург. Договорот на Мисовски е со важност до крајот на оваа година, со можност да биде продолжен и во наредниот период. Ова е трето враќање на Мисовски во нашиот колектив.

Петар Мисовски: “Задоволен сум што и по третпат ќе го носам дресот на Металург и што можам да му помогнам на клубот со кој ме врзуваат само добри спомени. Се надевам дека наредната недела ќе истрчаме во Шпанија со најдобриот можен состав и дека ќе имаме успешен настап“.

Левче Китевски: “Мило ми е што еден искусен голман од калибарот на Петар Мисовски прифати да му помогне на клубот. Петар по третпат во својата кариера ќе го носи дресот на Металург, а Металург ќе знае како да врати за неговата искрена желба да помогне. Иако договотот има важност до крајот на календарската година, останува отворена можноста тој да биде и продолжен“.

ФОТО: Нова Македонија

07.11.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега