Червар: Повеќе од 18 месеци не сум примил плата

Тренерот на Металург Лино Червар, кого играчите го посочија како главен виновник за кризата која го зафати клубот, бидејќи работел против интересите на клубот, па дури и намерно губел натпревари, во изјава за „Јутарњи лист“, вели дека бил шокиран од обвинувањата и дека 18 месеци не примил плата.

„Во средата кога тоа се случи бев шокиран и во такви околности не можев да говорам. Обвинет сум дека сум ги гледал само своите интереси, а јас како тренер правев се само за тие да си ги добијат своите плати. Повеќе мислев на нив отколку на себе. Мене ме нападнаа дека ги гледав своите интереси, а јас повеќе од година ипол немам примено плата и сепак продолжив да работам во интерес на клубот и играчите“, рекол Червар.

„Ова ќе остави голема лузна, која никогаш нема да зарасне. Со овој клуб за пет години освоив осум трофеи, два пати преку квалификациите стигнувавме меѓу најдобрите осум во Лигата на шампиони. Се прашувам како успеав во тоа ако сум ги продавал натпреварите“, дополнил Лино Червар.

07.11.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега