„УЕФА мафија“

Навивачите на Феенорд се познати како едни од најбунтовните во цела Европа. Сепак, тие покажаа и завидна генијалност за да го изразат својот однос кон Европската фудбалска федерација (УЕФА).  На натпреварот во Ротердам против хрватскиот тим Риека од ЛЕ тие го симнаа знамето на УЕФА пред стадионот "Де Кјуп" и го заменија со друго, на кое во логото на европската фудбалска централа беше додаден зборот "мафија".  Според медиумите во Холандија. знамето поставено од навивачите стоело пред стадионот во текот на денот, но било симнато непосредно пред почетокот на натпреварот. Со победата над Риека (2:0), Феенорд ги задржа шансите да ја помине групната фаза и да продолжи во елиминациите.

07.11.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега