Се огласија суспендираните ракометари - еве што кажаа

Ракометарите кои се суспендирани од Металург порачаа дека не се два-тројца, како што тоа го вели раководството, туку се сите професионалци и репрезентативци.

Воедно суспендираните искажаа негодување поради начинот на кој сопственикот Минчо Јорданов комуницира со нив, а тоа е само преку ТВ.

Соопштение на суспендираните ракометари:

-Ние, професионално вработени ракометари на РК Металург пред се, изразуваме жалење што по нашата јавна реакција, сопственикот, г. Јорданов реши да „разговара“ со нас преку телевизија. Остро ги отфрламе неговите тврдења дека не сме согласувале на разговори и не сме барале средби за проблемите кои ги чувствуваме – напротив, г. Јорданов е тој кој не најде за потребно да не сослуша и да ги процени нашите аргументи и покрај нашите обиди за средба помеѓу нас како играчи и тој како сопственик на клубот.

Сметаме дека овој однос не сме го заслужиле особено што ние нашите обврски најпрофесионално си ги исполнувавме, иако оваа сезона немаме примено никаков надомест за тоа.

И благодариме на Ракометната Федерација што изрази загриженост за состојбите во клубот и за тоа како ќе одразат врз играта на Македонската репрезентација и воедно ја споделуваме таа грижа.

Ги демантираме ставовите дека станува збор за „двајца-тројца“ бидејќи станува збор за реакција на сите професионални играчи со огромно домашно и меѓународно искуство и како и за долгогодишни репрезентативци на селекцијата на Р.Македонија.

Се уште сме подготвени за чесен, отворен и фер дијалог, со заемно почитување, а се со цел да се надминат проблемите.

07.11.2014 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега