Врбица Стефанов си замина од МЗТ

Врбица Стефанов повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродорм, екипата на натпреварот во АБА лигата против Партизан во Белград ќе ја води помошникот Боби Митев.

Според неофицијални информации, Стефанов кој помалку од еден месец го предводеше МЗТ, во четвртокот не го водел вечерниот тренинг на тимот, туку со раководството разговарал за прекин на соработката.

Стефанов е вториот тренер кој си заминува од МЗТ од почетокот на сезоната која на клупата на македонскиот шампион ја започна Словенецот Змаго Сагадин.

07.11.2014 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега