СКАНДАЛ: Прволигашите ги избркаа новинарите - се готви ли незаконска одлука за дербито?

Невиден скандал се случил денеска на форумот на најдобрите кошаркарски прволигаши, претседателот на Здружението, Бранислав Јовановски ги избрка присутните новинари, а претседателот на Карпош Соколу, Огнен Дедиќ, со вулгарни зборови се нафрли на една од присутните новинарки, пишува Спортмедиа.мк.

Ваквата реакција на претседателот беше оправдана дека тоа било во „интерес на кошарката“.

Ваквата реакција доведе до сомнеж дека се „готви“ незаконска одлука за прекинатото дерби меѓу Работнички и МЗТ. 

На состанокот беше присутен и претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Даниел Димевски, кој не застана во одбрана на новинарите туку со малку „понежен“ јазик се обиде да ја објасни одлуката на екипите членки на Првата лига.

Причина за сомнежот за носење на незаконска одлука е неофицијалната информација за евентуален договор на првите луѓе на Работнички и МЗТ Скопје за преигрување на натпреварот од почеток, што е надвор од сите акти на МКФ. Според нив, Работнички за одбивање да се вратат на паркетот треба да биде исклучен од лигата и да биде преселен во Третата лига.

 

07.11.2014 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега