Илиевски ќе го облече дресот на Цибона

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски до крајот на сезоната ќе настапува за Цибона со „отворен договор“. 34-годишниот кошаркар повторно ќе настапува за клуб од Хрватска и во АБА лигата откако пред две сезони го носеше дресот на Цедевита, а лани беше дел од составот на чешкиот тим Нимбурк. 

Цибона ќе биде 13-ти клуб за Илиевски, кој има настапувано од Партизан, во Олимпија, Барселона, Лотоматика, Монтепаски, Тау Керамика, Ефес, Локомитив Кубан,...

- Во Цибона дојдов пред се дека сакам да победувам. Никогаш не сум играл за мојата статистика, нема да биде ниту сега, изјави за хрватските медиуми Илиевски.

Новиот играч на Цибона право на настап најверојатно ќе има веќе во недела на дуелот против Крка на гости.

07.11.2014 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега