УЕФА ги откри трите причини поради кои на Србија и беа одземени бодовите

Заменик генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија Небојша Ивковиќ откри зошто УЕФА и одзеде три бода на Србија по регистрираната победа над Албанија со 3:0 со службен резултат.

„Во образложението доставено до ФСС, не пишува зошто Албанија го изгуби мечот, таа одлука е насочена кон Тирана. Што се однесува до нашите казни, трите бода ни се одземени како што се наведува во образложението поради упадот на навивачите на терен, пиротехниката, внесувањето на столици на теренот, и влегувањето на Иван Богрданов“, изјавил за „Спортски журнал“ Ивковиќ и додал:

 

„Добивме образложение со казната на 24 страни, но печатот е главно на последиците, отколку на главната причина за прекинот на мечот, дронот со политички транспарент“, вели тој.

07.11.2014 - 18:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега