Борец лесен залак за младинците на Металург

Во првенствен натпревар, младинците на Металург го надиграа тимот на Борец, кој го совладаа со резултат 27:19 (10:7).

Нашите младинци доминираа во текот на целата средба, а едно израмнување на резултатот, при 5:5, е единственото што успеа да го направи тимот од Велес. Од втората половина на првото полувреме Металург почна да создава опиплива разлика, која до крајот на полувремето достигна три гола, 10:7.

Во вториот дел продолживме со опсада на противничкиот гол, а разликата се искачи на максималните + 9, 27:18. Конечниот резултат на средбата е 27:19.

Димитриоски Димитар, со 10 постигнати гола, беше најдобар поединец на средбата.

09.11.2014 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега