Францускиот велосипедист Франсоа Жиси возел со брзина од 333км/час

Французинот Франсоа Жиси со велосипед го сруши рекордот за брзо возење со велосипед, возејќи 333км/час. Тој брзината ја постигна возејќи на пистата во Кастеле на југот од Франција.

риесет и две годишниот Французин, љубител на екстремните спортови, како што пишува регионалниот весник „Нис Матан“, овај рекорд го реализира со помош на инженерот Арнолд Нерашер, кој го конструира моторот-ракета на велосипедот. Брзината била мерена со ЏПС уред кој регистрирал 333 км/час, откако претходниот рекорд бил од 263 км/час во 2013 година.

Според Франсоа Жиси, постојат ризици неговиот велосипед да полета на таа брзина, поради тоа тој на својот велосипед е легнат, за да ја урамнотежи тежината. Исто така пистата треба да биде рамна, бидејќи доволно е да има мала тумба и велосипедот ќе полета, бидејќи е многу лесен.

На прашањето дали има задоволство да се вози на таа брзина, рекордерот вели: „Нема задоволство, срцето чука силно, тоа е предизвик. Задоволството е кога ќе се погледнат бројките“.

Следен предизвик за Жиси е поминување на прагот од 400 км/час

10.11.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега