Дибиров и Штербик номинирани за најдобри ракометари во 2014

Ракометниот портал „handball-planet” ги претстави номинираните ракометари за изборот на најдобрите во 2014 година. Дел од номинираните играчи се и двајца вардарци Тимур Дибиров и Арпад Штербик. Изборот е направен во соработка со 23 спортски новинари од целиот свет.

Главни конкуренти на Тимур Дибиров, кој настапува на позицијата лево крило се: Андерс Егерт, Гудјон Валур Сигурдсон и Уве Геншхајмер.

Во конкуренција на најдобри голмани, покрај Арпад Штербик се најдоа: Никлас Ландин, Матијас Андерсон и Тјери Омејер.

Гласањето за посетителите на “handball-planet” ќе трае до 4 декември.

10.11.2014 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега