Мојес во Реал Сосиедад?

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед би можел да го преземе баскискиот тим Реал Сосиедад, пренесуваат англиските медиуми.

Мојес од напуштањето на клупата на Јунајтед пред десет месеци е без ангажман, што наскоро би можело да се промени, доколку договорите со неговите потенцијални работодавачи се одвиваат во вистинска насока за двете страни.

Англиските медиуми пренесуваат дека Мојес, по неславната епизода во Манчестер, е поготвен да се впушти во тренерските води, но дека не е сигурен дали Реал Сосиедад е најдобар избор за повраток.

Баскијците се претпоследни на табелата на Примера со само една победа и шест бодови по 11 одиграни кола.

10.11.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега