Тренинг центарот на ФФМ ќе го носи името „Петар Милошевски“

 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи тренинг центарот во населбата Ново Лисиче де го носи името на трагично загинатиот Петар Милошевски, поранешниот репрезентативен голман, а подоцна и директор на репрезентацијата.

Милошевски животот го загуби на 13 март оваа година во сообраќајна несреќа во близина на Куманово.

- Во знак на почит на делото на Петар Милошевски и се што остави за македонскиот фудбал и за нас, одлучивме тренинг центарот на ФФМ во иднина да го носи неговото име, изјави портпаролот на ФФМ  Златко Андоновски.

11.11.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега