ФОТО/ВИДЕО: Руни никогаш нема да го заборави голот против Македонија

Англиската фудбалска ѕвезда Вејн Руни, во пресрет на мечот кој што Англија ќе го игра против Словенија во рамки на квалификациите за ЕП 2016 година, кој впрочем ќе биде и 100 јубилеен за англискиот напаѓач, се присети на неговиот прв гол во дресот на „Гордиот Албион“, токму против Македноја на тогашниот „Градски стадион“, во Скопје. Тогаш имаше само 17 години и влезе во историјата како најмлад стрелец во англиската репрезентација. 

Во 53 минута погоди за 1:1 откако претходно нашата легенда Ѓорѓи Христов со неговиот погодок ни донесе водство во 27 минута. 

Натпреварот на крајот заврши со победа на Англичаните од 2:1, а голот го постигна Дејвид Бекам од пенал во 63-тата минута.

Вејн Руни се присети на овој натпревар и на својот Фејсбук профил напиша дека никогаш нема да го заборави неверојатното чуство и мечот против Македонија при постигнувањето на првиот гол за Англија.

11.11.2014 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега