Судбината на Работнички ќе се решава утре

Арбитражната комисија (АК) при Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одлуката за „случајот КК Работнички“  ја пролонгира до утре.
 
Откако во петокот комесарот за натпреварување при МКФ, Бобан Јосифовски донесе одлука Работнички да биде суспендиран од Првата лига, а следната сезона да настапува во најнизок ранг, односно Третата лига, денеска АК требаше да се произнесе, но конечната одлука се очекува да биде донесена утре.
 
Неофицијално, членовите на АК, увиделе дека во постапката на првостепениот орган не биле земени предвид сите случувања за време на прекинот на мечот во „Градски парк’’, поради што постои основа за коригирање на одлуката.  
 
Во исчекување на официјалната одлука на АК, потсетуваме дека најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички беше казнет поради самоволно напуштање на теренот во дербито од 4.коло против градскиот ривал МЗТ Скопје. 
 
Во „одбрана“ на Работнички застанаа и членовите на Здружението на прволигашите, кои на затворена седница за јавноста, преку соопштение информираа дека едногласно побарале Работнички да остане дел од Првата лига
11.11.2014 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега