Поранешен капитен на Црвена Звезда тешко повреден во сообраќајна несреќа

Некогашниот фудбалер и капитен на Црвена Звезда Горан Друлиќ се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во вторникот на автопатот Белград – Ниш.

Според информациите на српските медиуми тој бил веднаш префрлен во болница, бил опериран и сега е во стабилна состојба.

Некогашниот репрезентативец на Србија со патничко возило налетал на товарно и се здобил со повреди опасни по живот. По извршената операција тој се наоѓа во шок соба каде се опоравува по неколкучасовната хируршка интервенција.

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда, во чиј дрес се прослави, преку својот Твитер соопшти дека Дручиќ во моментов е стабилен и надвор од животна опасност.

12.11.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега