Вардар со победа над Веспрем ќе се искачи на првото место

 

 

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар в сабота против Веспрем ќе се обиде да ги освои двата бода и со тоа избие на врвот на табелата во групата Ц од Лигата на шампионите. По четири натпревари унгарскиот претставник има бод предност во однос на „црвено-црните“.

- Не очекува натпревар против еден од најдобрите тимови во Европа и во светот. Лани Веспрем беше учесник на „фајнл фор“. Тие се први, но со победа во сабота ние ќе бидеме на чело во групата. Противникот игра добра одбрана со формација 6-0, располага со квалитетен голман, а во нападот главен им е Чема Родригез, изјави на денешната прес-конференција тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Во редовите на Вардар победата е единствената опција.

- Ова е најважен натпревар за нас досега во сезоната. Веспрем е голем клуб и секогаш кога играат во Лигата на шампионите се квалитетен ривал и ова е голема шанса за да избиеме на првото место, рече Немања Прибак.

На дуелот со Веспрем, Вардар ќе настапи без Илија Абутовиќ, кој на претходниот натпревар доби црвен картон и нема право на настап.

Средбата Вардар – Веспрем е закажана за сабота со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ и е во рамките на 5.коло од групата Ц во ЛШ

13.11.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега