Врвни пливачки имиња овој викенд со настап во базенот на СЦ „Борис Трајковски“

   

Спортскиот центар „Борис Трајковски” претстојниот викенд ќе биде домаќин на Интернационалниот пливачки организиран по повод 70 годишнината од ослободувањето на град Скопје.

Се очекува да настапат околу 400 натпреварувачи од клубови од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Германија, Грција, Албанија  и Македонија.

Дел од овој турнир ќе бидат Силаџи Чаба  од Србија (учесник на 2 Олимпијади - Пекинг 2008 и Лондон 2014 и носител на повеќе медали од силни меѓународни натпреварувања, Мартин Зелев од Бугарија (полуфиналист на европското првенство во Унгарија),  Тјаша Возел од Словенија и многу други квалитетни пливачи.

- Да се биде домаќин на ваков турнир на кој своето учество го потврдија врвни пливачки имиња, воедно учесници на најголемите светски пливачки собири, е навистина голема чест. На задоволство на сите љубители на пливањето, би сакале да ја најавиме агендата на натпреварувањето која е поделена во два дела – саботна програма која започнува во 09:00 часот со квалификациите, продолжуваат со загревање во 16:00 часот, а официјалните натпревари почнуваат во 17:00 часот. Истиот распоред важи и за неделната програма, кога натпреварите ќе започнат во истиот термин, изјавија од ПК Бета, организатори на турнирот.

Натпреварите ке се одвиваат во 6 категории и тоа  во апсолутна (1998-1999, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2006) и помлади во Машка и Женска категорија одделно.

13.11.2014 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега