Арбитражата го врати Работнички во Првата лига

Работнички засега останува во најелитното кошаркарско македонско натпреварување откако, Арбитражната комисија, се одлучи да ја укине одлуката на комесарот за натпреварување, Бобан Јосифовски, за преселба на тимот од Центар во Третата лига.

Инцидентот кој што се случи на дерби мечот со МЗТ во салата во Центар, повторно ќе биде решаван поради неправилните и нелогични одлуки на почетокот. Комесарот Јосифовски по логиката на нештата утре ќе излезе со нова одлука, која, неофицијално ќе биде помалку драстична односно нема да предвидува исклучување од елитата и преселба во најнизок ранг.

Целосното образложение на одлуката на АК можете да го погледнете на следниот линк.

13.11.2014 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега