Пеле успешно опериран

Врз бразилската фудбалска легенда Пеле вчера беше извршена успешна операција при што му е отстранет камен од бубрег.

Тој бил хоспитализиран во болница во Сао Паоло, откако се пожалил на големи стомачни болки.

Од болницата стигнаа информации дека поранешниот бразилски репрезентативец и еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, е во стабилна здравствена состојба и дека во наредните денови се очекува негово закрепнување.

14.11.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега