Селекторот Ѓуровски ги избрка Јаховиќ и Георгиевски од репрезентацијата

На само еден ден пред квалификацискиот меч против Словачка, напаѓачот Адис Јаховиќ и дефанзивецот Даниел Георгиевски се избркани од репрезентацијата.

Селекторот на Македонија Бошко Ѓуровски на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Словачка не откри што точно се случило и зошто ги отстранил двајцата репрезентативци, но изјави дека не му се потребни играчи кои на тренинг покажуваат нетрпение.

 

-Јаховиќ и Георгиевски покажуваат нетрпение на тринзите. Мене не ми се потребни играчи кои не се сакаат. Играњето за Македонија треба да биде чест и за оваа репрезентација ќе играат играчи кои ќе даваат максимум, изјави селекторот Ѓуровски.

На нивните места ќе повика двајца играчи од младата репрезентација.

14.11.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега